OСТАНИ ВО МОЈАТА ПРЕГРАТКА
Овој ветер што ми бие во градите,
Ми дава бескрајно спокојство.
Те молам, остани во мојава прегратка.
Вплеткај ги прстите во моите,
И во коси стави ми венец од желби.
Ќе бидам твојата муза,
И твојата среќа и утеха
Само остани ми во прeгратка.
Не чувствувам дека светот се движи,
Ниту дека некој друг постои,
Додека силно ме впиваш во себе.
Само чувствувам блаженство
И убавото чуство за постоење,
Затоа те молам,
Остани,
Остани во мојава прегратка.
No comments:
Post a Comment