ПЕПЕРУТКА
Таму на хоризонтот
Веднаш под сончевиот сјај,
На багремовото дрво ќе видиш пеперутка.
Со најубави крила.
Не допирај ја никако.
Таа сега е сеќавање а сеќавањата се оставаат такви како што се.
Таму на хоризонтот
Еден ден кога прав ќе се сторам
Ќе те чекам заедно да полетаме
На крилјата од пеперутката .
Ќе бидеме само сеќавање.
Крила.
Сонце
И
Бесконечност.
No comments:
Post a Comment