Translate

Monday, December 9, 2013

МРТОВЕЦ



Дозволи ми да се искапам во водите на Лета
во реката на заборавот.
Спомените се чуваат под перница 
но јас сепак сакам да заборавам.
Залудно им ги стегам рацете 
на луѓето по улиците,
мислејќи дека среќата што ја давам се враќа.
Залудно ја пакувам болката 
во кутијата со најубавата машна.
Преколната сум како евреинот Ахсвер 
вечно да талкам меѓу безвреднието,
евтиноста на мизерните погледи ,
изгубените тажни воздишки.
Сепак се виткам низ тоа насмеана.
Јас сум најнасмеаниот мртовец
што некогаш сум го сретнала.
Затоа и не обожавам да гледам во огледало 
не сакам мртовци 
посебно на оние насмејаните...
со скршен спектар на бои во очите.

No comments:

Post a Comment