Translate
Monday, December 9, 2013
МЕ САКАШ ЛИ
Се вртам во истиот круг веќе по илјадити пат.
Оваа шума ми е доста позната, секогаш заглавувам тука кога тргам да го барам делот од душата кој ми недостасува.
Камења и свежа вар. Продолжувам да трчам
Ме сакаш ли, ме сакаш ли, ме сакаш ли?...
Сегде околу мене ехо, кое ме излудува кое ми го дразни телото.
Сакам да избегам , да се спасам. Чудни стебла ми ги обвиткуваат нозете .
Ледениот воздух ме поти, очите ме печат.
Небо нема . нема птица да прелета, нема ниту еден знак дека тука постои живот освен страшниве џиновски дрвја кои кријат нешто што е моее.
Не се сеќавам на моето минато, не ја очекувам иднината.
Ја сум залутан дух некаде во светот на празното и од мојата усна празнина излегува само тежок здив и ..ме сакаш ли, ме сакаш ли, ме сакаш ли?...
До смрт сум преплашена. Ја преминав линијата што никако не смеев.
Ги поместив своите граници, се излажав и се лизнав од луспите на сопствените ветувања.
Сега сум овде заробена. Жртва. Исплашена. Темнина. Студенило. Крик.
Некој дивјачки завива од далечината, јас чинам во мене е , нешто во мене завива.
Трња. Трња газам и не се поместувам .
Црна силуета стои крај изворот. Очи нема , а ме гледа, директно во мене гледа.
Посакува да ме прегрне. Ко преплашена срна се залетувам во неговата прегратка ии... прашина се се стори. Се одби од мене и се растури на сите страни .
Се наведнувам и го собирам секој микро дел од прашинката и држејќи ја во дланката липам, ме саакаш ли, ме сакаш ли, ме сакаш ли?...
Патот сеуште е тесен и стрмен. Сенки на стари , млади ,деца летаат над мене .
Молев во себе. Им се молев на звездите да ми го покажат патот .
Дали е ова afterlife си помислувам.
Дали е ова она нешто во кое верував дека се ќе биде поубаво.
Дали е ова нешто низ кое сите мора да поминеме, или само јас.
Времето минува, а јас со годините доцнам, заглавена тука.
Пред мене езеро . Стаклено , сиво езеро. Ми мириса на смрт, ми личи на рај.
Се доближувам тивко на разранетите прсти. Ја тргам косата од очите и се загледувам поубаво.
Преубава женска силуета си го трие лицето со водите, спокојно седејќи на еден камен.
Носи бела кошула. Чиста . Нова.
Се препознав . Јас во некое друго време. Јас во нешто што го очајно барав.
Се доближувам уште повеќе.
Ја гледам силуетата.
Тивко, мелодично ми шепоти како да ме успива и полека се спушта во водата...ме сакаш ли, ме сакаш ли, ме сакаш ли?...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment