Translate
Monday, December 9, 2013
ВЕЧЕР ВО ОСУМ
За миг се најдов таму.
Не можев да зборувам, само гледав наоколу и лебдев.
Неродените деца се превртуваа низ воздушната призма, старите чекаа во ред да го предадат својот срцев мускул , во хартиена кеса , на првиот шалтер од десно.
Не добив никакво сместување , ниту пречек , кога ме повикаа ми рекоа , разгледај , ако не ти се допаѓа имаш сеуште шанса да си одиш од тука . Пансионите се преполни. Ги примаме само они кои се сигурни . Ако решиш да си одиш , те враќаме вечер во осум .
Ми дадоа лист и пенкало . Време беше да напишам нешто за себе си ...
Се викам Момсен и имам 20 години .
Се што знам е дека моментално од другата страна го губам својот пулс и се борам да дишам колку што можам подлабоко .
Ја видов светлината за која сите зборат . За тунелот лажат , нема никаков тунел. Само блага светлина доаѓа од никаде и те голта . И убаво ти е , нема што.
Не знам . еве сега додека седам тука во оваа белина, ги гледам насолзените очи на моите сестри кои ми го држат мокрото чело и помалата ме влече за ракавот .
Лебдам над себе си и незнам дали да си помогнам .
Дефиниција за рамнодушност .
Срцево ќе ми препукне ако не побрзам . а преку срцево ми е од се .
Во вакви ситуации обично палам цигара , но овдека пак не даваат да се пуши , ставиле толкав знак за известување, висеше во една празнина.
Сите мои мислења биле погрешни. Сите чувства залудни . зашто сега, токму сега , ноту мислам било што , ниту чувствувам .
Тргнете ми ја косата од устата се гушам .
Рацете почнуваат да ми откажуваат и телото почнува да се предава .
Ги гледам пред себе , во вид на кугла , закачени со штипка, сите спомени, сите насмевки, сите изгубени љубовници, сиот терет , се она што го грчеше моето тело и моите клепки, полека лебдејќи во воздухот прават круг .
Некој ме допре до рамото . – Не се врти , погледни и реши се , само миг или два се во прашање.
Додека долу го гледав моето младо тело , безнадежно и сколпчено , пред мене пак се појави светлото .
Од некаде слушнав звуци на пијано . Класика . Ме мамеше да одам да засвирам . И тргнав чекор пред чекор заборавајќи на себе .
Потоа ми текна .
Требаше да се јавам во огласот кој го видов за станот што бев заинтересирана во центарот на градот , да го навадам цвеќето и да го нахранам мачорот. Кутриот сигурно е веќе гладен .
И требаше да се спремам и да излезам , бидејќи син ми сигурно ќе ме чека , мрази кога мајка му доцни. А потоа заедно ќе одиме на чај ...
Се вратив и го напишав своето име на огласната табла .
Табла со список на оние кои вечер тргнуваат во осум .
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment