Translate
Monday, December 9, 2013
НЕМАМ ШТО ДА ИЗГУБАМ
Ќе дојде ден ќе заминам.
Ваквите како мене не пуштаат корења никаде.
Ќе морам еден ден , знам .
Се плашам од губење јас. Единствената работа од која се плашам.
А се плашат само кукавиците. Оставаат за да не бидат оставени .
Ќе речеш...
Остани. Поклони ми ја само уште оваа ноќ.
Спушти ги куферите ...овдека е твоето се .
А што можам јас со ова мое колебливо срце кое знае само да сака .
И може и ќе ти ја остварам и таа желба . Воедно и мојата .
Ќе останам . Ќе зборуваме долго.
Ќе ти зборувам за моите стравувања. Ќе пробувам да најдам начин да не заминам иако знам дека тое ми е предодредено.
Ќе се стуткаме заедно и ќе плачеме до сабајле. Како на оние досадни филмови каде главните ликови се само големи будали . се глупираат саат време и пак завршуваат заедно .
Хепи едн... а да е среќен тогаш нема да е крај . зашто среќата и љубовта се единствените кои ако се вистински немаат крај .
Не те оставам јас тебе . тука останувам , само дел од мене заминува. Посилно е од мене , еднаш ќе сватиш .
Кога сум сама нема што да изгубам . а ако те изгубам тебе сега, не знам како ќе го преживеам тоа.
Еден ден ти ќе сакаш и за двајцата. Ќе ме паметиш . И јас тебе ќе те паметам .
Може ќе се сретнеме случајно во некој ресторан по многу години . ќе седнам зад тебе и ќе те гледам долго , долго . така како што прават поетите, потоа пишуваат сведовштво за постоњето на љубовта. Сосема несфатлива работа..
Ти ќе имаш некој друг . Ќе ме имаш и мене сеуште, иако јас тебе не .
Ќе те гледам долго , и нема да се плашам од ништо во тој момент .
Зашто веќе нема да имам што да изгубам .
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment