Translate

Monday, December 9, 2013

MAJ



Се прашувам дали секој Мај вака ќе ми мириса на тебе?
Седејќи надвор, пред пурпурот на небото, ти си до мене.
Да , те чувствувам , знам тука до мене си , зашто  Мај е .
Сеуште те гледам. 
Како далечна светулка на ридот, полека се оддалечуваш и го гасиш својот пламен.
Пламен на моето срце .
Пламенот со кој ме сакаше во Мај.
Дали твојата коса сеуште исто мириса?
Дали уште на истите работи се радуваш?
Дали уште како по навика стануваш во 9 часот?
Не може.
Не може да биде исто.
Мене веќе ни воздухот не ми е ист.
Ниту насмевката
Ниту кафето од истиот кафиќ кое го пиевме задно .
Во Мај.
После нас, ниту љубовта нема ист вкус.
Ниту јас не сум истата.
Велат, најди го она што го сакаш и дозволи му да те убие.
Добро кажано , во секој случај.
Можеби не требаше да те пронајдам таа пролет воопшто,но ако не те најдов ќе останев дете заробено во Мај.
Сега, во овој момент, додека те чувствувам до мене , би сакала да те прашам...
Дали ме сакаше?
Дали те сакав?
Дали се сакавме ?
Дали постоевме барем краток дел од вечноста ?
Или сето тоа беше илузија, сон, авантура  ?
Или сето тоа беше прав, камења, песок ?Миг, минливост, избледен спомен ?
Или сето тоа беше само еден Мај?..
И ние случајни минувачи во него.

No comments:

Post a Comment