Translate
Monday, December 9, 2013
НЕ КАЈ СЕ
Не постои веќе време,
Повеќе не чекам
Мојот часовник одамна застана.
Беше мој мал идол
А сега само странец,
И патник слеп кој несетено
Помина по тротоарите на мојата младост
И оставајќи прашина зад себе, си замина.
веќе не чувствувам ништо,
Само понекогаш ми дојде насмевка на лицето,
Или солза
Кога ќе се присетам
Дека од толку надеж, голема како рајска градина
Остана само еден овенат цвет.
Немој никогаш да се враќаш назад,
Немој да газиш по изгустираните лаги
И по калливите лажни улици
По кои ме водеше ти
Додека ми шепотеше колку проклето ти значам.
Немој,
Можеш да се лизнеш и да си го повредиш егото.
Треба да знаеш дека
Бог само еднаш дава таква љубов.
Не кај се.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment