Translate

Monday, December 9, 2013

ИСПОВЕД



Вилицата ми се дели самата и ми трне се повеќе.
Скоро и не чувствувам .
Чудни звуци ми одекнуваат во главата. Стари ударања на барабанот од играорно кога бев дете, кршење на колена додека трчав, дречавиот глас на мајка ми, капки дожд. 
Ми мрежат очите. Ми се стега дијафрагмата  и пробувам да се сконецентрирам на правилното дишење.
Има моменти кога посакувам да сум само еден единствен атом во некој далечен град, полн со странци. Светилки во боја. Измешани парфеми и вкусни зачини.
Крвта ми струи во внатрешноста и некоја чудна струја ми извира од секој нервен завршеток во телото.
Не ме гледај. Ќе ми влееш доверба а жими Бога се заколнав никогаш никому веќе нема да верувам.
Не ме гледај, не ! Ќе почнам да те прашувам чудни прашања, на кои нема да можеш да ми дадеш одговор. Ќе те збунам, ќе те излудам.
Не ме гледај, те преколнувам. Не знам дали сум ти кажувала но секогаш се чувствувам осамено.Ќе посакам вечно да останеш со мене, а непишано правило е дека се е минливо, кој како доаѓа така си оди.
Да можам да ги извадам трепките и да ги фрлам . Последен пат кога ги барав спомените заборавив дека таму ги оставив, сега ми текна.
Да можам да го извадам срцето. Лудо е , што ќе ми е . 
Да можам да ги извадам мислите од главата како што се вади конец со пинцета после зашиена рана. 
Alice in Chains- Down in a hole на вечерната плеј листа.
Ќе седам цел вечер пишувајќи, голтајќи метафори и давејќи се во сопсвеното ништо.
Ови неколку метри квадратни се само мои, небото над мене е само мое, ова што го чуствувам е само мое. 
Вечерва сум атом во некој далечен град полн со странци, светилки во боја, измешани парфеми и вкусни зачини.

No comments:

Post a Comment