Translate

Monday, December 9, 2013

НЕМА ДА СЕ ВРАТАМ



-Ќе се вратиш ли?
Сонливо ме праша додека го ставав капутот на себе.
Не знам , одговорив.
Излегов и ја затворив тишината во собата.
Долго време ми требаше да се одлучам конечно да тргнам а еве ме сега не знам ни кај одам.
Чудни луѓе ме сретнуваа по патот, ми се смешкаа, ме поздравуваа. 
Се прашував дали веќе сум била овде...
Еден средновековен човек со тетоважа на десното рамо и лузна на градите ми пријде.
-Чекорите ти се сигурни девојко, но емоциите ти се колебливи.
Дали си сигурна дека сакаш да продолжиш?
Да, му одговорив ладно.
-Што е она што може да те врати?
Она што можеше и да ме задржи
Она што можеше да ме задржи, а никогаш не се случи. Она кое ме доведе до овде, Онаа без кое не може да се живее. Н еможе да се сака. Не може да се остане.
-Па, имаш ли кај кого да одиш ? Те чека ли некој?
Всушност, странецу, онаму кај што одам јас немам никого и никој не ме чека. Никој никого не чека таму. Едноставно пристигнуваш.
Исто ти   е . Нема за што да жалам . Кога пристигнеш , престануваш да жалиш за било што.
Немав никого ни тука, немам ни таму.
Ние луѓето сме најосамените суштества . Целосно сме сами.
Сами сме кога ни е најубаво, сами сме кога ни е најлошо. 
Сами сме кога размислуваме, сами сме кога ни соопштуваат дека имаме рак.
Сами сме кога се раѓаме и умираме. Само будалите мислат дека не е тоа така.
Сами сме и кога заминуваме...и кога одиме по најдолгиот пат, пак сме сами.
-Ама зошто не почекаш уште малку?
Не сакам веќе да чекам. Чекаат кукавиците. Глупаво е да чекаш нешто а не знаеш ни дали ќе дојде.
Доаѓа како сопствениот живот да те извисил.
Уште поглупаво е да чекаш нешто од друг. 
Секогаш треба да си среќен, зашто ако не си , никому нема да му  е гајле за тоа.
-И мислиш ли дека таму ќе е подобро ?
За прв пат се свртев и се осмелив да го погледнам странецот во очи.
Тој беше оној што ја имаше најтешката задача.
Кога некој ќе тргне по тој пат, да проба да го врати .
Застанав и му реков...
-Немаше воопшто да тргнам ако не мислев така.
Тој остана зад мене , јас продолжив .
Продолжив за да пристигнам.
И не, нема да се вратам.

No comments:

Post a Comment