Translate

Monday, December 9, 2013

НЕ КРШИ МЕ


Колку пати само ти имам кажано, не крши ме..
Не мора да ме сакаш само не се обидувај да го направиш тоа одново и одново.
Колку пати пробав да те научам дека среќата е бакнеж, среќата е секое ново утро.
Среќата е кроасан и топло кафе рано насабајле.
Колку пати морав да те погледнам силнооо , силноо за да сфатиш дека само погледот прави луѓето да бидат запаметени. Само погледот ги поврзува љубовниците. Погледот е Бог на кажаното.
И ти навестив , немој да ми ги бркаш птиците од прозорецот во утринските часови . Остај, ги те молам.
Не ме терај во името на љубовта да ставам превез на очите. Немој. 
Зошто секогаш кога беше нервозен ги фрлаше моите мемоари, и пцуејќи се шеташе полугол во станот , додека газеше по сите мои женски треперења?
Никогаш нема да научиш дека за да нешто поседуваш, прво треба да дадеш. 
А ти никогаш не даваше..И ако се случеше тоа некогаш даваше толку малку .Исто како на гладно дете тронка леб да му дадеш. А сакаше се за возврат...
Секоја моја прегратка ја убиваше со облак од твојот скап парфем, секоја моја желба ја истиснуваше во твојата цврсто врзана вратоврска, сета моја љубов ја фрли преку прозорецот од твојата кола. Ах, кога би можела само јас да си ја сменам душата за едно Порше, баш како тебе.
Сега кога сум тука, се чувтсвувам како да ми фали дел од себе.
Неможе тоа да бидеш ти , ти никогаш не се потруди да станеш дел од мене.
Може тоа е само оној дел со кој највеќе сакав да те имам и задржам, а не успеав.
Сега и тоа си замина од мене, остана само празнина.
А ти реков, не крши ме.
Не може да бидеш ти оној кој ќе стави прстен на вената од прстот која води директно до  моето срце.
Нема моите да бидат и твои деца.
Треба да знаеш дека она што се крши, веќе не се состава.

No comments:

Post a Comment