Translate
Monday, December 9, 2013
ЦРЕШИ
Ко да вчера беше кога времето , љубовта , искреноста и посветеноста немаа мерка.
Кога јас бев твојата снегулка
Ти беше мојата среќа.
Кога твоите очи беа океан,
А моите малечки сонца.
Мојата насмевка беше твој ден,
Твоите зборови мојата најубава стварност.
И сеуште ја паметам твојата омилена песна,
Колку само викаше додека ми ја пееше на мобилен.
Го паметам секој твој испад, секој твој збор.
Колку кристално чисто се сеќавам на твојата дланка
Која ми откриваше нови светови,
Секогаш плашејќи се со неа да ме допреш.
Кога заедно стоевме на дожд.
Јас зборував со часови ,
А ти непрестајно ме бакнуваше и продолжуваше
Заинтересирано да ме слушаш.
Ја паметам и онаа срамежливост во тебе,
И повлеченоста
И твојата искрена љубов.
Моментот кога на плоштадот под оторено небо
Ми ги подари сите бои на огнометот.Го паметам и твоето омилено овошје ..црешите.
И сите твои тајни погледи,
Кои беа создадени само за мене .
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment