НОСЕТЕ МЕ
Носете ме бе змилосни ветрови,
Таму каде времето е вечност,
А јас момент во вечноста.
Носете ме поројни дождови
Таму каде полето е секогаш мокро
А јас роса на булката ,
На булката па на земјата.
Носете ме бели гулаби таму каде просторот е бескрај
А јас илузија во простор.
Носете ме години во темните пазуви
Таму каде што сликите бледеат
Каде среќата се заборава а тагата се памети.
Каде јас ќе бидам спомен
Минлив и заборавен.
No comments:
Post a Comment