Translate

Monday, December 9, 2013

ВРЕМЕ КОЕ САКАВ ДА ЗАПРЕ



Знаеш еднаш одамна, посакав времето да запре.
Да запре тоа а во него и самата јас, самите ние.
Тоа беше времето кога мојата љубов немаше граница.
Време кога сакав да станам балерина. Време на среќа.
Време кога сакав секое утро да станам уште во 6 сат сабајле, со цветни патики и очила за сонце да одам сама по улица.
Кога светот се буди, кога сонцето се буди, додека ти уште спиеш , љубов моја.
Сакав да запре времето додека танцував, додека нежно се кршев на ветрот како призма на боите низ воздухот.
Време кога мојата дланка никогаш не беше празна . 
Тука беше искреноста на другарка ми која како деца крв пуштивме во име  на вечно пријателство. 
Раката на дедо ми кој сигурно ме водеше низ сокаците на животот. 
Тука беше мојот споменар и самата јас со пенкало во рака. 
Тука беше и старата фотографија од мене каде позирам на венчавка во црква, на некои двајца млади кои се заколнале на вечна љубов.
Секогаш се смеевме кога таа фотографија ќе се појавеше од никаде. Секогаш во незгодно време.
Посакав времето да запре зашто јас бев само јас. Не бев ти, не бевме ние .
Време кога доаѓаа темните облаци само ги затворав очите и  ушите и пеев и пеев и танцував и танцував . И чекав да помине како што старецот ја чека својата пензија знаејќи дека на први ќе пристигне.
Време на блискот. Време на пролет . Време на топлина. Време на се што е убаво.
А сега ..
Нека помине што побргу , ако е до мене.
Она што поминува еднаш не се враќа веќе.
Јас знам дека сеуште можам да сакам да станам балерина а од тоа ќе остане само пусто сакање.
Знам дека сеуште можам да одам сама по улица во 6 сат сабајле , да воскреснам при првите зраци и опојниот мирис на свежиот воздух, додека светот се буди ,а ти сеуште спиеш љубов моја, но нема да е тоа тоа, како од времето кое сакав тогаш да запре.

No comments:

Post a Comment