Translate
Monday, December 9, 2013
БАЛАДА ЗА ПОЧИНАТАТА
Небо мое си.
Најубав спомен во магла потонат.
Те правам од сон , илузија, желба и тага
Стари слики избледени,
Многу години незаборавени,
Напластени, на куп нафрлани.
Ко со копје прободена сум
Откако тебе веќе те немам.
Затвори очи небесни,
Отвори рани во мене длабоки.
Ти небо мое си ,
Но оваа небо не ја разбира мојата несреќа,
Моето срадање,
Очај и празнина.
Како раснат мовови на твојот гроб,
Така трње во моето срце.
Како вечноста минува без тебе
Во неспокој паѓам се повеќе и повеќе.
Низ свет одев ко странец слеп,
Тебе да те пронајдам.
Во сечии очи, во сечии раце,
Сечиј поглед и насмевка.
Добив шлаканица и повратна карта,
Ти си една и единствена.
Лежиш ладна осамена и вкочанета.
Се прашувам дали мртвите чувствуваат нешто
Или пак како живите страдаат?
Ова е веќе сто и една песна за тебе,
Сто и една молитва по изгубена душа.
Сто и еден копнеж, плач и страдање.
Ти беше обичен смртник
Од крв и месо,
Жена изградена милијарди атоми и неколку грама магија.
Жена чии очи срце ми парат.
Може да те заборави денот,
Може и ноќта.
Моѓе да те заборави Сонцето,
Воедно и Месечината.
Можеби ќе те заборави градот , улиците и птиците.
Заедно со нив јавето и сонот.
Твојата омилена боја небесно сина и бела.
Може да те заборават зборот и мислата
Но јас никогаш нема!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment