СВЕТ ЗА НАС
Ноќва небото е на наша страна.
Можеби од некаде дознало
За нашите скриени страсти
За мојата соба со тага
За твоето поткровје со гордоста.
Веќе со часови врне,
А не може да ја измие болката од вчера,
И не може да ја избрише дистанцата помеѓу нас.
Ниту датумот кога прв пат се бакнавме.
Ноќва е створена за прегратка ,
За силна прегратка и топол здив.
Подај ми го твоето раме да се исплачам,
Јас ќе ти го подадам срцево да прилегнеш.
Заедно ќе создадеме нов свет.
Свет кој не постои.
Свет за нас.
Си реков..
Мора да ссе стави крај на нешто
За да се почне одново.
No comments:
Post a Comment