Translate

Monday, December 9, 2013

КЛЕТНИК



Трагајќи по светлината 
Сосема ослепев.
По патот накај среќата 
Си ја закачив сопствената душа
На некоја гранка 
Од дрвото кое го викаме општество.
Болно е да молчиш а во себе да врескаш
Заробен во одаите на темната реалност.
Го продаваш остатокот од себеси за ситни пари
А животот ти бара дури и кусур.
Па и да се извлечеш од
Суровите канџи на судбината,
Сепак длабоките лузни остануваат 
Да те потсетат дека под рака си водел зло.
Тапите удари на една силна болка 
Се единствените кои те потсетуваат
Дека сеуште постоиш.
Моето море е пресушено.
Моето небо е згаснато.
А јас сум обичен клетник во времето
Кој се раѓа, паѓа се крева и умира.
Не е страшно да умреш,
Страшно е да не живееш.
Јас знам дека еднаш се родив,
Веднаш пред да зaпочнам да умирам.

No comments:

Post a Comment