Translate
Monday, December 9, 2013
БАКНЕЖ СО ВКУС НА КИКИРИТКИ
Шарени вратоврски подредени по боја.
Дрвена куќичка и перуники во дворот.
Жолто и сино.
Мојата омилена
И твојата омилена боја.
Чај за двајца,
Насмевки, плач,
Допир па воздишка
И спомeник на нашето постоење.
Сонував за нашата среќа,
За нашите љубовни романси,
За нашите две тела во едно,
За небо со ѕвезди,
За наше небо.
Добро знам дека кога ми подари
Бакнеж со вкус на кикиритки,
Цврсто ги држеше во дланка
Нашите недосонети соништа
И потоа ги пушти да лебдат
Како што лебдеше мирисот
На тазе печените кикиритки.
Застанавме во една точка.
Точка од која јас не се поместив,
Точка на која ти стави крај и продолжи.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment