Translate
Monday, December 9, 2013
ВО ЗАБОРАВ
Ќе те испијам ко вотка на екс.
Ќе те издувам од себе како димот од цигарите
Ќе си поиграм со тебе
како што секогаш се глупираме пијани
на клупите со друштвото.
Ќе те испејам во весела песна на венчавка.
Ќе те исплачам во тажна песна
Плачејќи и гушкајќи си ги колената.
Ќе тe стуткам во клопче
Заедно со останатото ѓубре од масата
И ќе те фрлам без ич око да ми трепне.
Ќе те соблечам како стар капут
Кој го носам трета зима по ред
И го мразам од дно на сржта.
Ќе те прокоцкам на ново лото
Во средата.
Ќе те заборавам на масата од кафичот,
Заедно со се празната пакла .
Ќе те напишам на лист
И од него ќе направам бродче од хартија
И ќе те дадам на некое дете
Да те пушти во водите
На кои не им се знае крајот.
Ќе те гасам и гасам
Со секое мое трепнување .
Темнина ќе станеш.
Ќе ти купам карта во еден правец ,
Ќе ти ги врзам очите да не го запаметиш патот назад до мене
И ќе те пратам во заборав .
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment