САКАШ ЛИ
Сакаш ли да патуваме заедно со облаците?
Сакаш ли да ја слушнеш најубавата приказна?
Сакаш ли да ми ги раскажеш своите соништа?
Сакаш ли дел од месечината?
Сакаш ли да го допреме виножитото?
Сакаш ли да стоиме заедно на дождот?
Сакаш ли да заборавиш на минатото?
Сакаш ли да ги тргнеме маските?
Сакаш ли да сакаш?
Повторно ....?
No comments:
Post a Comment