Translate

Tuesday, August 5, 2014

АКО ЗАМИНАМ ОД ТЕБЕ

Ако еднаш решам да заминам од тебе
Ке заминам од сопственото јас.
Ќе се искачам на највисоката планина
И кожата ќе си ја делкам малку по малку
Оти таа болка не е ништо.
Не  е ништо,
Благо пецкање е за оваа љубов.
Ако заминам од тебе
Ќе се преслечам во темнина
Ќе заминам од денот
И сонцето и воздухот ќе ги напуштам
И тивко некаде последниот здив испуштајќи го
Тебе ќе ти пеам
Зошто јас и ти сме минливи и небитни
Мелодијата е вечна.
Ако те напуштам
Ќе оставам се зад себе
Ќе тргнам на транвај за немајкаде
По пат на душата моја,
Душата моја крвава
Која ми ја дразнеше и успокои
Оти јас среќа тогаш научив што е.
Оти  среќа пустата не била гужва и алкохол
Ниту музика, ниту цвеќе со трње
Туку среќа била
Малата насмевка моја во десниот агол од усните
Кога  со поглед ќе ме преслечеш одозгора надоле.
Оти среќа била наочарите кои ги ставаш
Кога излегуваш од врата гледајќи на светот...
Среќа била дом .
И малото нешто во раце што живот значи.
Ако заминам од тебе, ќе заминам од себе си.
Ќе отидам далеку,
Подалеку и од фантазијата и најстрашните копнежи
Плетејќи чорапи за нашите неродени деца
И каејќи се затоа што заминав.
Оти таквите грешки
Од таквите грешки и самиот ѓавол плаче

Од таквите грешки и најтврдото срце препукнува.

No comments:

Post a Comment