Translate

Tuesday, August 5, 2014

ЗА ТОЛКУ СМЕ

Шшшшшшшшшшшт
Го слушаш ли звукот на коските што се крши?
Каде си тргнат?
Сами сме на универзумот цел.
Бирај звезда.
Ти светиш,
Јас треперам
Изберени сме да го чувствуваме она што другото ништо не може, она што никој друг не
ќe го сфати, она што никој друг не ќе го одобри.
Многу битни работи пропуштаме.
Трепувањето .
Ежењето на кожа.
Ежењето на кожата после добра песна,
После туѓата тажна приказна,
После ладен туш,
После љубов
Се разденува.
Нешто не чека.
Сигурно.
Не знаеме што.
Време е за разделба.
Лево, десно.
Никаде.
Толку сме.
За толку сме .
Секунда од вечноста.
Само сега и никогаш повеќе,
Гушни ме.
Утре нема да сме истите.

Утре ќе не нема.

АКО ЗАМИНАМ ОД ТЕБЕ

Ако еднаш решам да заминам од тебе
Ке заминам од сопственото јас.
Ќе се искачам на највисоката планина
И кожата ќе си ја делкам малку по малку
Оти таа болка не е ништо.
Не  е ништо,
Благо пецкање е за оваа љубов.
Ако заминам од тебе
Ќе се преслечам во темнина
Ќе заминам од денот
И сонцето и воздухот ќе ги напуштам
И тивко некаде последниот здив испуштајќи го
Тебе ќе ти пеам
Зошто јас и ти сме минливи и небитни
Мелодијата е вечна.
Ако те напуштам
Ќе оставам се зад себе
Ќе тргнам на транвај за немајкаде
По пат на душата моја,
Душата моја крвава
Која ми ја дразнеше и успокои
Оти јас среќа тогаш научив што е.
Оти  среќа пустата не била гужва и алкохол
Ниту музика, ниту цвеќе со трње
Туку среќа била
Малата насмевка моја во десниот агол од усните
Кога  со поглед ќе ме преслечеш одозгора надоле.
Оти среќа била наочарите кои ги ставаш
Кога излегуваш од врата гледајќи на светот...
Среќа била дом .
И малото нешто во раце што живот значи.
Ако заминам од тебе, ќе заминам од себе си.
Ќе отидам далеку,
Подалеку и од фантазијата и најстрашните копнежи
Плетејќи чорапи за нашите неродени деца
И каејќи се затоа што заминав.
Оти таквите грешки
Од таквите грешки и самиот ѓавол плаче

Од таквите грешки и најтврдото срце препукнува.