Еден ден
добрината твоја на душа мене ќе ми излезе
Оти ти не
знаеш,
Ти не знаеш
дека душата моја стар пархет е.
На мојот
прозорец сеуште твојот букет рози стои .
Едно утро
весела на врата ќе ти заѕвонам
Ќе пиеме горко
кафе и ќе зјапаме во мокрите црвени ќерамиди.
Еден ден, со
пакла Марлборо и Вигор ќе ти дојдам
И ќе ти биде
толку мило што уште на ист начин се смеам
И дупло криво
оти веќе не сум истата.
Поглед со најубава панделка ќе ти поклонам ..
Поглед кој
после години ноќе ќе те излудува,
Поглед кој
после години Хелекс еднаш дневно ќе ти стане.
Еден ден
девојчето твое
ќе покаже со
малото прсте на мојата слика
Знам дека таа
солза највеќе ќе те боли ,
Највеќе ќе те
боли солзата пред твоето малечко
која неможеш
да ја објасниш.
А јас ќе дадам
завет на молчење,
Само за да ја
премолчам таа случка.
Еден ден
добрината твоја на душа ќе ми излезе...
Еден ден добрината
твоја на моите анализи од крвта ќе биде запишана
Остеопороза и
блага насмевка покрај се.
Бидејќи твојата
љубов до коски боли ..
Твојата љубов
..
Ти ќе ме
паметиш и тогаш знам
И тогаш ќе
мислиш на мене ..
„Дај ја десната рака , дај “
Додека сестрата
ми вели жално насмевнувајќи ми се.