Translate

Wednesday, January 8, 2014

АНГЕЛИ СЕ ЉУБАТ

Ангелите се љубат на оној свет.
Секое утро се будат со звук на харфа
И се кикотат скокоткајќи се по голите стомаци.
Ние, 
Никогаш..
Се љубеа кога се превртуваа од среќа,
Се љубеа и кога крилјата ги болеа.
А ние верувавме дека ќе ја достигнеме љубовта
Далеку толку , колку што и е видикот
Дека ќе ја надминеме онаа на Ромео и Јулија,
Онаа на Тристан и Изолда,
Онаа на Парис и Елена 
Која цела Троја вредеше.
Но додека ангели се љубеа на оној свет
Ние на овој никогаш не се побаравме.
Ги прошуштивме сите филмови на кино
Сите корза наприквечер,
Сите кафиња после пладне.
Дури ти не ни примети дека моите крилја горат,
Изгореа , пепел се сторија,
Додека јас не приметив дека твојата кожа пука
Допрена така до мојата,
И дека се распаднував во твоите дланки.
Додека тие повеќе ѓаволи , одошто ангели
Се љубеа и не ни беа свесни дека ние постоиме,
Ние си игравме . 
Ти Тарзан, јас твојата Џејн
Се капевме под водопадите во џунглата.
Полуголи и искезени од уво до уво.
А знаеше ти , и јас знаев
Дека нашите ликови се измислени, не постојат.
Постои само џунгла,
Која на овој свет е празна и мрачна,
А во која таму на оној свет
Ангели се љубат
Додека ние на овој сеуште се бараме.


No comments:

Post a Comment