Црвен е мојот лик
Дури скришум те погледнувам
На пауза помеѓу вдиши издиши.
Кога дијафрагмата ми се стега
во ритамот на песната што тебе ти ја посветив,
тебе и сите оние налик мене
кои знаат дека нема ни љ од љубовта
ама од инат сакаат, ете од инат.
Црвени се розите
Црвеенеат и тие како мене
Со трње на срце, со трње по себе
Недопирливи,
А сепак најубави.
Такво е и секогаш она што го посакуваш
Варди се , може длабоко да зажалиш.
Црвено ми е и срцето
Кое од како те запозна тебе
Знае само за тебе
Само за тебе и сонува
Па си легнувам во 5 попладне
Станувам во 3
ноќеска и си размислувам како
Часовникот е Најбесмисленот изум на човекот
А времето илузија во која сме заробени.
Црвена би била и мојата крв
Ако еднаш решам да си ги исечам вените
Вертикално право надолу и
Тоа на некоја
откачена рок песна
Од осумдесетите.
А твојата љубов дури е подобра и од црвеното вино,
Кое срамежливо црвенее
Додека ми го раскажуваш изминатиот ден
Клоцајќи ме под масата.
Црвен е и мојот кармин
Но не за долго,
не за долго.