Translate

Saturday, September 27, 2014

БАРЕМ...

Тоа беа моите куфери,
куфери полни носталгија
и стомачни сокови
цедени низ нашите утроби
додека се љубевме.
Тоа беа моите зборови
од кои јас се сепнував
одејќи по жиците
забодени длабоко во твоето срце.
Погледнав 101 пат на назад
и секогаш гледав различна слика.
И секогаш погрешна.
А сега сме далечни дури туѓи
и само понекогаш
димот од цигарите не враќа
на нашето сонце
пребрзо прекриено од тешките облаци .
Моите крилја сеуште горат,
дури се навикнав та не ни приметувам.
Се сакавме  кога не знаевме што е  љубов,
се мразевме кога не знаевме за лош поглед .
Те пуштив да течеш меѓу ѕидовите на моите вени
дури кога немав место ни за сопствените страдања.
Што ќе ни се години?
-Времето е за будалите
Што ќе ни се ветувања?
-Тие се за истите
Сакај ме и ќе те сакам што
повеќе можам .
Бaрем небото над нас е исто,
барем сеуште исто небо делиме.