Се би сакала
да видам
Освен тебе
еден ден во нечиј туѓ свет
А не во мојот.
Твоите години
Се клупите на
кои израснав јас
И утра кои ги
гушкав расплакана
И не спремна
за светот.
Твоите години
се конци по моево срце
Конци кои знам
Еден ден сами
ќе паднат.
Те молам кажи
ми за тебе, барем некогаш.
Барем еднаш
јави ми се доцна
И зборувај ми
за твоите соништа.
Кажи ми за
местата
На кои знам
дека ниогаш нема да отидеме заедно
И за парчето
небо
Кое никогаш
нема да биде наше.
Твоите години
Се нишката за
која се држам јас
Знам дека
набргу ќе ме пуштиш.
Прости..
Ако ме
побараш, ќе се појавам.
Ако ме најдеш,
тука сум.
Ќе ти
кажам зошто и каде
Патува душата
кога е сама.
Зошто заминува
не знаејќи дали треба.
И дали
понекогаш наминува на сладолед
На местата
наши
На кои никогаш
не отидовме заедно.
После време,
Се би сакала
да видам
Освен тебе во
нечиј туѓ свет,
А не во мојот.