Translate

Sunday, June 29, 2014

ПРАШИНА

Сите автопати водат кон тебе
Сите патишта се со прав кој се крева до облаци
Прав од сито решетка мојава душа
Булките крај него се срамат и црвенат само за тебе
Се срамат и жалат за нашите
Едноставни а болни ,
До срж болни заминувања.
Тешки ми се плеќите драги,
Тешки како овој скап странски асфалт
Како сите автопати одеднаш.
Јас верувам дека сите љубови започнуваат те едно исто
Убаво, спонтано, случајно, незаборавно.
Сите љубови започнуваат исто
Со насмевка
Со солзи
Со песна
Со ДА
Со 6 пара нозе во еден ист кревет
И оние најмалите ножиња во средина
Кои ја поврзуваат љубовта од десната
И љубовта од левата страна на перница.
Со усни на усни и вкрстени раце
Со 3 промили во крвта
И 200 на саат некаде во зори
По автопатот за неповрат.
Сите љубови започнуваат исто
Освен оваа нашата
Здраво, пријатно и толку.
Само толку .
Ни благ трепет
Ни збор што ќе се памети .

Не бегај од прашината
Дури и во една прашинка може да се собере сиот свет,
А камоли

Камоли мојата љубов.