Така започнавме јас и ти.
Првин ти започна да претураш по моите корпи за емоции
Додека јас стоев на страна и не те чепкав.
И ме гледаше чинам за инат, две светлосни години
Додека јас мал милион пролета расцутев во мене .
Кога ти подадов рака ме турна и крена глава во облаци
И додека кашлав од прашината која ти ја креваш
Ми се смееше под око како да ми велиш
'Конците се во моите раце, станувај срцка, продолжуваме'.
Ти си безобразен колкава дистанца можеш да создадеш
Толкава голема, што главата ме кине
Фаќајќи фреквенции , тебе да ти се наместам.
Кога јас те спремив за нешто посебно ,
Ти го изгуби своето значење
Расфрлајќи се со своето его, на битни и небитни.
На оние кои никогаш нема да ги ни помниш,
На оние кои никогаш нема ни да те помнат.
Кога се поместив два чекора десно
Од твоето срце ‘в
кафез, веќе со години неухрането
Ти тргна по мене
Но јас веќе бев
тргната со возот ,
Со картата во еден правец која ти ја пропушти.
И кога после векови се вратив да те видам,
Наместо прегратка ти ми се доближи со шило во рака,
Замавна со сета сила во моите плеќи кои беа
Полни со нектар кој цело минато за тебе го цедев,
Заврте неколку пати
и пушти гневот да се разлее во воздухот,
А гревот душата да ти ја преслече.
Тогаш, ете тогаш се сеќавам ти реков.
Нема да те сакам никогаш повеќе.
Само овој живот,
И никогаш повторно.